Повеќето ученици учат барем два странски јазици додека се на училиште. Иако повеќето учат англиски, германски или француски, популарни јазици што вообичаено се зборуваат денес, некои можеби ќе изберат да учат „мртов“ јазик како латинскиот.
Но, учењето древен јазик може да биде чуден подвиг бидејќи во многу случаи не е јасно каков е изговорот на зборовите. Јутјуб-каналот наречен „Екуатор Еј-ај“ се обидува да ја демистифицира историјата користејќи вештачка интелигенција за да ги оживее античките јазици.
Видеата на овој јутјуб-канал прикажуваат вештачки создадени портрети на луѓе облечени во облека од различни епохи кои рецитираат антички текстови со неверојатен изговор. Иако е тешко да се биде целосно сигурен како звучеле некои од овие јазици, видеата помагаат да го откриете тоа. Покрај латинскиот и старогрчкиот, видеата ги вклучуваат и староанглискиот, акадискиот, сумерскиот, староегипетскиот, феникискиот и етрурскиот јазик.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube