X
 02.06.2019 Живот

Нов Зеланд воведува буџет за благосостојба на граѓаните

Детската сиромаштија, семејното насилство и менталното здравје ќе бидат приоритети на „буџетот за благосостојба“ на Нов Зеланд, изјави министерот за финансии Грант Робертсон, со што оваа нација е прва во светот која ќе го мери успехот според благосостојбата на својот народ.

И покрај тоа што Нов Зеланд има одлична економија, многу граѓани биле запоставени, па се зголемиле стапката на самоубиства, бројот на бездомници и грантовите за помош со храна.

Според предвидувањата на Меѓународниот монетарен фонд, се очекува економијата во Нов Зеланд да порасне за околу 2,5 отсто во 2019 година и 2,9 во 2020 година. Но, Робертсон нагласи дека многу граѓани немаат придобивки во секојдневните животи.

zeland
Фото: Murdo Macleod/The Guardian

Иако земјите како Велика Британија веќе почнаа да ја мерат националната стапка на благосостојба, Нов Зеланд е првата западна земја што го дизајнира целиот буџет околу приоритетите за благосостојбата и им наложи на министерствата да дизајнираат политики за подобрување на благосостојбата.

- Да, имавме и имаме стапки на раст на БДП на кои другите земји од светот завидуваат, но за многу Новозеланѓани, овој раст не беше пренесен во повисок животен стандард или подобри можности - вели министерот за финансии.

- За мене, благосостојбата значи луѓе што живеат живот со некаква цел, баланс и значење, како и способноста да го направат тоа. Овој јаз меѓу реториката и реалноста, меѓу елитите и народот, се експлоатира од популистите низ светот - додава тој.

Опозицијата го критикуваше буџетот дека не е соодветен на вредностите на Новозеланѓаните. Владата треба да се погрижи да го подобри животот на граѓаните преку подобра инфраструктура и јавни услуги, порача опозицијата.

Кралството Бутан ја почна глобалната благосостојба со воведувањето на Индексот на бруто-национално задоволство во 2008 година, мерејќи работи како што се психолошкото здравје, животниот стандард, виталноста на заедницата и еколошката и културна отпорност, за да ги информира креаторите на политиката.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот