X
 13.09.2016 Култура

Градот замрзнат во советската ера

Малиот град Баренцбург на норвешкиот остров Шпицберген живее како замрзнат во советската ера. Го посетуваат најчесто носталгични туристи.

Градот Баренцбур

„Овде Русите оставија сè што поседуваа, дури и фотографии. Се чини дека луѓето се надеваа на најдоброто, дека ќе се вратат овде“, изјавил Денис Бобаркин, туристички водич.

Градот Баренцбург брои 500 жители. Во него има рудник за јаглен, но од него никој не заработува. Производството е мало, квалитетот на јаглен слаб и луѓето немаат многу пари за јаглен.

Жена зборува за градот Баренцбург

Зошто рудникот се уште е отворен?

Според договор од 20-те години на минатиот век, некои земји се уште имаат право на риболов, рударство и трговија на норвешкиот остров. Тоа Русија го користи.

„Во суштина, Русија плаќа за своето присуство овде. Тоа е висока политика. Имаме право да речеме дека Шпицберген не е ништо помалку наш отколку што е норвешки“, посочил Тимофеј Рогозин од компанијата која управува со рудникот.


Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура