X
 06.12.2021 Живот

До најоддалечениот остров на светот оди брод еднаш на три месеци

На овој остров нема аеродром, постои само една бродска линија која го поврзува со копното и тоа е типична врска на далечина затоа што бродот плови еднаш во три месеци.

Тристан да Куња е вулкански остров во Јужен Атлантик кој името го добил по португалскиот морепловец Тристан да Куња, кој го открил островот во 1506 година. Овој остров е најоддалечен населен остров што ѝ е познат на цивилизацијата.

На нецели сто квадратни километри на островот живеат околу 300 луѓе и административно ѝ припаѓа на Велика Британија. При последната ерупција на вулканот што го погодила островот во 1961 година целото население се преселило во Велика Британија. По елементарната непогода сите жители се вратиле во нивните домови.

Најголем дел од приходите на островот се од морето - од риболовот и јастогот, по што е и најпознат во светот. Речиси сите сто фамилии што живеат таму традиционално се занимаваат со рибарство.

Извор: Buka
Насловна фотографија: NASA
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот