X
 02.06.2021 Живот

Што е ново и здраво на полиците на супермаркетите?

Виталиа кремови збогатени со протеини, без додаден шеќер!

Од добро познатиот путер од кикиритки, па сè до различни варијации на намази од јаткасти плодови, нутриционистите продолжуваат активно да ги препорачуваат овој тип на производи – и тоа со добра причина!

Кремовите од јаткасти плодови содржат здрави нутритиенти, доаѓаат во различни вкусови и можат да се користат како вкусен и здрав намаз за појадок, ужина и десерт.

За разлика од џемовите, мармаладите, путер и маргарин, кремовите од јаткасти плодови природно содржат здрави масти кои го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и тип 2 дијабетес, а дури и помагаат во регулирање на телесната тежина и покрај нивната висока содржина на масти.

Мотивиран од овие нутритивни трендови, најголемиот производител на здрава храна во регионот- Виталиа, ја збогати својата палета со нова, иновативна категорија висококвалитетни, здрави и функционални кремови на база на јаткасти плодови, темно чоколадо и какао.

Фокус е даден на ПРОТЕИНСКИ и ПОСНИ – ВЕГАН намази БЕЗ додаден шеќер.



Достапни се во 4 вкуса, и тоа два посни - ВЕГАН крем со какао и 20% лешници, ВЕГАН протеински крем со кикиритки и какао збогатен со протеин од грашок и наут, како и два млечни крема со лешници и кикиритки, збогатени со протеин од сурутка.

Со зголемувањето на потребата и интересот на потрошувачите за слатки намази од растително потекло по достапна цена, Виталиа Веган кремот со лешници и Веган протеинскиот крем со кикиритки се идеален избор за сите оние што бараат слатка и здрава закуска со 23% растителен протеин, без состојки од животинско потекло. Тие се наменети за сите што внимаваат на своето здравје, за оние што сакаат квалитетна храна со бенефит.



- При создавањето ваков тип производ, бевме инспирирани да го најдеме совршениот баланс помеѓу здравото и вкусното во самата комбинација на јаткасти плодови и чоколадо. Со тоа, производот се истакнува со својот вкус додека самиот е без додадени шеќери, палмино масло, глутен, вештачки адитиви или ароми. И не само тоа! Успеавме да ги понудиме по конкурентна цена достапна за секого. Сега во функционалните намази можат да уживаат широка група потрошувачи - изјави развојниот тим на Виталиа.

Производите се веќе достапни во супермаркетите, како и во специјализираните продавници за здрава храна на Виталиа, и секако online нa www.vitalia.com.mk.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот