X
 07.12.2023 Здравје

Веганската исхрана го подобрува здравјето на срцето за само два месеца

Експеримент со идентични близнаци покажал дека веганската исхрана за само два месеца ги намалува нивото на инсулин, телесната тежина и протеин кој се поврзува со срцеви болести и мозочен удар.

- Врз основа на овие резултати и размислувајќи за долговечноста, повеќето од нас би имале придобивки доколку повеќе јадеме веганска исхрана - објасни Кристофер Гарднер, научник од Универзитетот „Стенфорд“.

Научниците направиле експеримент со 22 пара идентични близнаци кои биле поделени во две групи. Едната група не јадела месо, додека другата група јадела умерено количество месо кое се смета за здраво во период од два месеца. Во тој период, учесниците не биле ограничени во бројот на калории, туку во видот на исхраната.

Резултатите покажале дека веганската исхрана е поздрава. Било забележано подобрување на кардиоваскуларното здравје на учесниците во двете групи, но учесниците што биле на веганска исхрана имале поголеми подобрувања. Нивото на инсулин им било намалено за 20 отсто, а им се намалило и нивото на вид холестерол кој го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Сепак, научниците посочуваат дека учесниците што биле на веганска исхрана имале мал пад на нивото на витамин Б12, па предупредуваат дека веганите треба да земаат суплементи за овој витамин.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје