X
 25.06.2021 Живот

Експеримент на идентични близнаци - едниот јадел веганска исхрана, а другиот месо

Хуго и Рос Тарнер се идентични близнаци кои одлучиле да спроведат истражување со сопствените тела и да видат како тие се менуваат според исхраната. Во период од 12 недели, Хуго, јадел само веганска храна, додека неговиот брат консумирал многу месо. Близнаците сакале да видат како нивните тела ќе се разликуваат по различната исхрана.

Научници од Кралскиот колеџ во Лондон ги следеле нивните тежини, како и нивото на холестерол, телесни масти и други параметри. Браќата имале и тренинзи за издржливост пет или шест пати неделно, а двајцата јаделе оброци со ист број калории.

По 12 недела веганска диета, холестеролот на Хуго се намалил и имал повеќе енергија која не се намалувала во текот на денот бидејќи шеќерот во крвта не му паѓал како порано. Освен тоа, тој полесно можел да се фокусира. Меѓутоа, ваквата исхрана имала и негативни последици за него. Од непознати причини, тој го изгубил либидото.




Рос, кој истражувањето го започнал со 79 килограми и 13% маснотии, добил 4 килограми мускули и речиси 2 килограми маснотии, што го зголемило неговиот процент на маснотии на 15%. Неговиот холестерол останал непроменет.

Според анализа на фекални примероци од двајцата браќа, собрани пред и по истражувањето, веганската храна нуди поголема заштита од хронични болести како дијабетесот од видот 2.

Близнаците неодамна започнаа ново 12-неделно истражување во кое повторно ќе ги анализираат разликите во исхраната основана на растенија и онаа на месо.




Извор: Bored Panda
Фото: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот