X
 17.06.2022 Забава

Босанец купил 2.000 тегли „нутела“

Рамбо Хусеиновиќ од Високо, Босна и Херцеговина, ги купил сите тегли „нутела“ што се продавале во Управата за индиректно оданочување во Бања Лука. Тој дал најдобра понуда за над 2.000 тегли кои биле понудени од Управата на директна продажба бидејќи им истекува рокот на траење во август.

Рамбо ја претставувал фирмата „Маркет стоп шоп“ и неговата понуда изнесувала 9.175 марки, односно околу 4,5 марки, или 2,3 евра по тегла. Во маркетите „нутела“ обично се продава по 8 до 10 марки за тегла, според локалниот медиум „Бука“.

Теглите „нутела“ стигнале до складиштето на Управата бидејќи биле запленети на царина поради недостиг на документи за купувањето и плаќањето. Судската постапка во случајот била завршена и затоа Управата можела да ги продаде теглите, објасниле од Управата.

Во јавната аукција можеле да учествуваат правни лица од територијата на Босна и Херцеговина.

Извор: Buka
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава