Кралицата Елизабета II е еден од монарсите што најдолго владееле во историјата.
Таа има доживеано смена на 10 британски премиери, како и на многу други премиери на земјите на Комонвелтот.
Во продолжение ви претставуваме дел од нејзините мудрости:
„Кога животот изгледа тежок, храбрите не лежат и не прифаќаат пораз; наместо тоа, тие се уште порешителни да се борат за подобра иднина“.
„Оние што ми се чинеше дека се среќни, задоволни и исполнети беа луѓето што живееја највозбудливи и несебични животи“.
„Во време на сомнеж и вознемиреност, ставовите што луѓето ги покажуваат во секојдневниот живот, во нивните домови и во нивната работа се од врвна важност“.
„Вреди да се запамети дека често малите чекори, а не огромните скокови, ја носат најтрајната промена“.
„Кога ќе дојде мирот, запомнете дека ќе биде за нас, децата на денешницата, да го направиме утрешниот свет подобро и посреќно место“.
„Отсекогаш било лесно да се мрази и уништи. Да се изгради и да се негува е многу потешко“.
„Најчесто беспомошноста и ранливоста на детето го изнесуваат најдоброто од нас“.
„Секој е наш сосед, без разлика од која раса, вера или боја“.
„Нашиот модерен свет поставува толку тешки барања за нашето време и внимание, што потребата да се потсетиме на нашите одговорности кон другите е поголема од кога било“.
„Патот, се разбира, не е секогаш мазен, и можеби на моменти оваа година се чувствуваше прилично трнлив, но малите чекори можат да направат разлика во светот“.
„Знаеме дека наградата е мир на земјата, добра волја кон луѓето, но не можеме да ја добиеме без одлучност и заеднички напор“.
„Џиновските скокови честопати започнуваат со мали чекори“.
„Можеби отсекогаш било случај дека водењето мир е најтешката форма на лидерство од сите“.
„Мораат да ме гледаат за да веруваат во мене“.
Извор:
Parade.com
Фото:
Instagram