„Обиди се да не паничиш“. Ова најверојатно е најлошата фраза која некој може да ви ја каже кога веќе сте среде паничен напад.
Никој не разбира што значи да се пати од анксиозност или панично нарушување освен ако тоа не го искусил на своја кожа. Забрзана работа на срцето, испотени дланки и јаки мачнини, паничниот напад воопшто не е наивно чувство.
Оние кои секојдневно се борат со паничните напади се многу силни лица. Верувајте, ве слушнале, но не, едноставно не можат да престанат да чувствуваат тежина.
Ако видите некого како паничи на јавно место, немојте само да гледате и да коментирате. Доколку лицето е само, прашајте го како можете да му помогнете.
Анксиозноста и паничните нарушувања се нормални и има многу повеќе луѓе кои патат од тоа отколку што вие мислите. Има многу луѓе кои тивко патат од анксиозност, а понекогаш им е потребен некој кој сака да слуша без осудување.
Ако го читате ова, а патите од анксиозност, панично нарушување, депресија или нешто друго, знајте дека не сте сами. Ако си во јавност и почнете да се чувствувате вознемирено, знајте дека во околината има многу други кои поминуваат низ истото нешто.
Еве неколку цитати кои прикажуваат како изгледа животот со анксиозноста.
1. Кога некој ќе ти каже само да се смириш
-Според моето искуство, зборовите „сега само смири се“ речиси неминовно имаат спротивен ефект на лицето со кое разговарате - Елин Сакс.
2. Чувството како сите да мислат дека претеруваш
-Тие не знаат подобро. Обично само се смеам и оставам да помине. Можеби еден ден ќе бидат во иста ситуација, иако се надевам дека нема - непознат автор.
3. Блага паника кога некој ќе ти каже дека не е толку големо нешто
-Според мене, тоа е непочитување кога луѓето зборуваат за паничните напади како тоа да не е ништо - непознат автор.
4. Се обидуваш да размислуваш за основните причини зошто паничиш
-Навистина е тажно како еден ден се е супер, а утредента се во момент тргнува удолу - непознат автор.
5. Кога чувствуваш дека луѓето гледаат во тебе среде паничниот напад
-Немој да претпоставуваш дека сум слаба личност затоа што имам панични напади. Никогаш нема да знаете колку сила е потребна секојдневно да се соочите со светот - непознат автор.
6. Не можеш да пронајдеш зборови со кои би ја опишал твојата анксиозност на странец
-Само затоа што не можам да ги објаснам чувствата кои ја предизвикуваат мојата анксиозност, тоа не ги прави помалку валидни - Лорен Елизабет.
7. Се обидуваш да ја надминеш анксиозноста и да не дозволиш да се покаже паничниот напад
-Исцрпен сум од обидите да бидам посилен отколку што се чувствувам - непознат автор.
8. Кога си во јавност и преиспитуваш зошто не се чувствуваш анксиозно
-Исповед: Понекогаш станувам вознемирен затоа што не се чувствувам анксиозно. Што значи дека сум заборавил на она поради што требало да чувствувам анксиозност и тоа ме прави анксиозен.
9. Паника во јавност иако знаеш дека нема реални закани во околината
-Ова е една од најфрустрирачките нешта во врска со анксиозното нарушување - да знаете дека паничите иако нема причина за тоа, но не можете да ги исклучите емоциите - непознат автор.
10. Кога ќе одлучиш да се вратиш дома затоа што паниката почнува да презема контрола
-Тажно е затоа што мојата потешкотија ме спречува да уживам во нештата колку што би требала во оваа животна доба - Аманда Сајфред.
11. Кога чувствуваш вина што мораш да го напуштиш ресторанот или забавата поради своите потешкотии
-Не мислам дека некој некогаш би можел да ме критикува посилно од начинот на кој злобно се критикувам самиот себе - непознат автор.
12. Кога некој ќе ти каже дека не изгледаш како анксиозно лице
-Не се гледаат сите рани - непознат автор.
13. Кога си во авион или во автобус и почнуваш да размислуваш што би можело да тргне на лошо
-Фокусирај се на тоа колку далеку си стасал, а не колку далеку треба да одиш - непознат автор.
14. Објаснувањето на својата загриженост на некој кој не го разбира она низ што поминуваш
-Да кажеме само дека мојата анксиозност има свои анксиозности - непознат автор.
15. Реалноста на постоењето на анксиозноста или паничното нарушување
-Имам 99 проблеми и 86 од нив се целосно измислени сценарија во мојата глава поради кои се нервирам без апсолутни никаква логична причина - непознат автор.
16. Кога ќе се навикнеш на паничните напади во јавност
-Бидете мирни, тоа е само уште еден паничен напад - непознат автор.
17. Кога очајнички сакаш да најдеш пријател кој ги разбира твоите потешкотии
-Понекогаш кога ќе речам „Добро сум“ сакам некој да ме погледне во очи и да рече „Кажи ми ја вистината“ - непознат автор.
18. Конечно пронаоѓање на пријател кој разбира низ што минуваш
-Денес ми треба малку повеќе љубов - непознат автор.
19. Кога конечно ќе дојдеш дома и ќе сфатиш што си постигнал во текот на денот
-Завршивте одлична работа со оглед на тоа против што се се боревте - непознат автор.
20. Конечно чувство на смиреност по долг ден борби против паничното нарушување
-Денес нема никакви проблеми. Јас сум во својот заштитен балон и не ви е дозволено да влезете - непознат
автор.