Кога Габриел Гарсија Маркез почнал да работи на својот роман „Сто години самотија“, морал да ја напушти својата работа.
Го продал својот автомобил и имал огромен долг. Во еден момент ги продал и својот омилен миксер и фенот на неговата сопруга за да стигне до пари. Откако дознала што направил, неговата сопруга му рекла: „Не дозволувај овој роман да биде лош.“
Во продолжение се некои од најдлабоките и најубави мисли од овој автор, кој не само што беше талентиран писател, туку беше и личност што поминала низ тешки времиња.
Ако поради некоја причина се чувствувате лошо и слабо, прочитајте ги.
- Мора да се обидеме да го слушнеме гласот на детето кој и понатаму останува во нас. Ако го слушаме тоа дете, повторно нешто ќе почне да гори во нашите очи. Ако ја изгубиме врската со детето, ќе заврши и нашата врска со животот.
- Човек не умира кога треба, туку кога може.
- Срцето ги елиминира лошите спомени и ги зголемува добрите. Благодарение на оваа вештина, успеваме да го издржиме бремето од минатото.
- Проблемот со бракот е што тој завршува секоја вечер по водењето љубов и мора повторно да се изгради секое утро пред појадокот.
- Лудите луѓе не се луди ако некој го прифати нивното размислување.
- Ако жената е во неволја, знам дека ќе биде во ред. Сосема ми е јасно дека жените владеат со светот.
- Непобедливата моќ што го движи светот е невозвратената љубов, а не среќната љубов.
- Секогаш е подобро да дојдете во погрешно време отколку да чекате покана.
- Една минута помирување вреди повеќе од цел живот пријателство.
- Никогаш не престанувајте да се смеете, дури ни кога сте тажни, бидејќи не знаете кој може да се вљуби во вашата насмевка.