X
 02.07.2015 Живот

Знаци дека бесполезно го трошите животот, но не признавате

Кога бевте мали, дали сакавте да пораснете и да станете астронаут, пејач или инженер? Дали станавте тоа што сакавте? Мал дел веројатно да, но повеќето не се ниту блиску до тоа. Препознајте ги знаците кои ви покажуваат дека го трошите времето бесполезно, но не сакате да си признаете.

Трошите премногу време правејќи работи кои не би требало

Видеоигри, телевизија, сурфање на интернет, јадење, пиење... Погледнете кон животот. Како го трошите времето? Дали тоа е добро за вас? Направете промени.

Се жалите премногу

Дали се жалите од работата, шефоците, платата, соседите или партнерот? Доколку да, не правите ништо освен испуштање негативна енергија. Негативноста не ги менува работите, туку ви помага да се заглавите уште повеќе.

Не го храните умот

Доколку не растете и созревате како личност постојано, ќе го чувствувате тоа во негативна смисла. Позитивните предизвици во животот ќе го прошират вашиот ум.

Негативни сте

Хенри Форд рекол: „Доколку мислите дека можете и доколку мислите дека не можете, во право сте“. Доколку самите си кажувате негативни работи, во право сте. Дали го правите тоа?

Не сте инспирирани

Дали имате страст за нешто? Некои луѓе мислат дека немаат, но секогаш постои нешто. Мора да откриете што ве возбудува и тоа да го правите повеќе.

Не ја планирате иднината

Секогаш е убаво да се живее во моментот, но понекогаш мора да погледнете напред за да видите каде сакате да одите. Доколку немате цел или план, тогаш сте како брод кој плови во океанот без дестинација.

Трошите време со луѓе кои не придонесуваат за вашиот раст

Лесно е да заглавите со луѓе кои не прават да се чувствувате како добра личност. Но, доколку продолжите да го правите тоа, останувате во место и повремено тие ве повлекуваат долу со нив.

Трошите пари на нешта кои не се важни

Има разлика меѓу „сакање“ и „потреба“. Во денешното општество, тешко е да се познае границата меѓу двете работи, но обидете се да ја пронајдете.

Не ја напуштате „зоната на удобноста“

Лесно е да се живее во зоната на удобноста. Но, без ризици не постои вистински успех, а успехот ви е потребен за да го подобрите животот.

Живеете живот кој не ви се допаѓа

Дали сте среќни? Доколку не сте, треба да промените нешто. Животот треба да биде возбудлив! Доколку не уживате во него, направете промени.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот