Сите имаме искусено некаква загуба која кај нас предизвикала тага и болка. Најтешко е да го оставите болното минато позади себе, бидејќи како луѓе сме често и отпорни на промени. Ова се неколку работи кои ќе ви се случат откако конечно ќе решите
минатото да го оставите зад себе.
1. Ќе дознаете за нова позитивна верзија од себеси
Вие ја имате моќта да одлучите на што ќе се фокусирате и што ќе промените. Отакако ќе го оставите позади себе она што ве повредувало, вашиот мозок и сеќавања ќе функционираат на тој начин што ќе креираат моќни нови и позитивни верзии на вашиот живот.
2. Ќе направите место за нешто ново
Ако постојано се држите за минатото, никогаш нема да можете да уживате во сегашноста. Кога конечно ќе одлучите да продолжите понатаму, ќе можете да си поставувате нови цели, нови визии и ќе запознавате нови луѓе кои ќе ве одведат кон нови, возбудливи поглавја од животот. Нашите животи не се наменети да бидат статични. Промените се случуваат со причина, па така и вие со нив ќе созревате и ќе се надоградувате.
3. Полесно ќе се соочувате со новите препреки
Откако веќе сте се соочиле со тежок период, сега ќе можете полесно да се справувате со животните предизвици.
4. Ќе научите прво да се сакате себеси
Клучот за љубовта е прво да се сакате и почитувате себеси, па дури потоа ќе можете истото да го чувствувате и за другите. Ќе сфатите дека потребно е да мислите и на себе, а не да се запоставувате и секогаш другите да ги ставате на прво место.
5. Ќе ги инспирирате другите
Тоа ќе го правите без и да знаете. Ќе научите повеќе да ги центите вредните работи во животот и тоа ќе го пренесувате и на останатите.
6. Ќе се соочите со сопствената судбина
Сите сме тука со некаква цел. Секое искуство, секоја тежина не обликува и не прави тоа што сме. Учиме, се надоградуваме и разбираме себеси и околината. Секое ново искуство значи и нова животна лекција.
7. Природно ќе го привлекувате она што ви треба
Со текот на времето, како што ќе се надоградувате, така и ќе испраќате поразлични вибрации од порано. Па природно ќе ги привлекувате работите, луѓето и ситуациите кои ви се во моментот потребни.
8. Ќе сфатите дека вие самите сте си најмногу потребни
Среќата е во самите вас. Мора во себе да ја побарате радоста и да изградите живот кој нема да зависи од другите. Сакајте се себеси, како што ги сакате и другите и така работите ќе се одвиваат на позитивен начин.
9. Ќе се зголеми вашата емпатија кон другите
Кога и самите ќе искусите болка, тогаш и ќе сочувствувате со другите кои се наоѓаат во слична ситуација и подобро ќе можете да ги разберете, па и да им помогнете. Она што сте го научиле и искусиле на сопствена кожа, ќе можете да го пренесете на другите и да бидете нивна поддршка.
10. Ќе знаете што е добро за вас
Откако ќе искусите разочарување, измама и загуба, ќе научите што е она што навистина ви е потребно и што е добро за вас. Ќе сфатите што ви пречи и што е она што ви недостига, па ќе можете и да работите на тоа да го постигнете.