Според оцените на популарниот британски медиум „Ивнинг стандард“, плажата на Свети Стефан е една од најубавите во Европа.
Меѓу 30. најубави плажи во Европа е и плажата на Свети Стефан, која се најде меѓу плажите на Закинтос, Сицилија, Португалија и Шпанија.
- Фасцинантна песочна плажа со поглед на полуостровот Свети Стефан. Половина плажа е резервирана за гостите од овој хотел, а другата половина е бесплатна. Поминете го денот сончајќи се, нурнете се во длабокото море и восхитувајте се на планинските венци околу вас - пишува во текстот.
Покрај Свети Стефан, на листата се наоѓаат и две плажи на хрватскиот брег - Нугал и Стинива, но и една во Словенија - Месечниот Залив на Струњанскиот Полуостров.
Но, ако сакате да се капите на Кралската плажа, односно десниот дел на плажата на
Св. Стефан, ќе ве дочека изненадување бидејќи изнајмувањето на две лежалки и чадор за сонце чини 120 евра.
Фото: Promo