X
 16.08.2019 Политика

Кога политичар купува стан на кредит, месечната рата е 40 евра

Од околу 96 црногорски функционери што добиле кредит за стан во текот на мандатот на владата на Душко Марковиќ, на занемарлив мал број тие пари навистина им биле потребни, покажува анализата на имотната состојба на корисниците на привилегирани кредити во Црна Гора.

Одлуката на црногорската влада за доделување кредити на функционерите има разнишана правна основа и е сместена во законот за домување и одржување на станбените згради од 2011 и 2014 година, кој всушност е реликт на социјализмот, а останал да важи за привилегираната политичка класа, пренесуваат црногорските медиуми.

И додека граѓаните ги купуваат становите по комерцијални цени, елитата на власт се осигурала да не ја испушти оваа можност така што во законот од 2018 година навела дека решенијата од спорната одлука и понатаму важат.

А како изгледа примената на тој принцип во пракса, покажува имотната слика на оние што во последните три и пол години имале корист од овој пропис.

Така, шефот на кабинетот на црногорската влада, Драгољуб Булатовиќ, во 2017 година добил станбен кредит од 20.000 евра, со рата од 35,35 евра, додека неговата сопруга Татјана Булатовиќ, секретарка на министерството за спорт, минатата година добила ист таков кредит од 35.000 евра со иста рата.

Ова петчлено домаќинство од претходно има куќа од 128 квадрати и стан од 42 квадрати, куќа во изградба од 50 квадрати и четвртина куќа од 102 квадрати.

Минатата година Булатовиќ од плата заработил 15 илјади евра, а од разни комисии и учество во економијата на општеството уште 17 илјади, додека годишната плата на неговата сопруга е 12,3 илјади евра плус 1,4 илјада од комисии.

Црногорските медиуми наведуваат и други примери за поволни кредити за функционерите кои се слични со случајот на Булатовиќ, а за многу од нив месечната рата не преминува 40 евра месечно. На листата има директори, советници, судии, секретари, помошници...

Ех, Балкане...
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика