Веруваме дека овие мудрости на Карл Јунг ќе ви помогнат подобро да се разберете себеси.
-Не задржувај го она што си оди од тебе. Инаку, нема да дојде она што оди кон тебе.
-Ако еден човек не разбира друг, тој ќе тежнее да го смета за будала.
-Најтешкиот товар кој лежи на детските рамена е непроживеаниот живот на нивните родители.
-Твојата визија ќе стане јасна дури кога ќе погледнеш во своето срце. Оној кој гледа однадвор, ги гледа само соништата, оној кој гледа внатре во себе, тој се буди.
-Осаменоста не се отсликува со отсутноста на луѓе околу вас, туку со неможноста за разговор со луѓето за тоа што е значајно за вас, или со неприфатливоста на вашите убедувања.
-Депресијата е како дама во црно. Ако дошла кај вас, не бркајте ја. Повикајте ја на маса, како гостинка, и послушајте што сака да ви каже.
-Сѐ што иритира кај другите може да води кон разбирање на себеси.
-Ако сте талентиран човек, тоа не значи дека сте добиле нешто. Тоа значи дека можете да дадете нешто.
-Она на што се спротивставуваш, тоа опстанува.
-Осудата не ослободува, туку гуши.
-Вашиот поглед ќе стане јасен само тогаш кога ќе можете да погледнете во својата душа.
-Јас не сум она што ми се случило, јас сум она што сум одлучил да бидам.
-Ние можеме да мислиме дека целосно ја имаме контролата над себе, меѓутоа пријателот многу лесно го кажува за нас она што не го гледаме.
-Здравиот човек не ги мачи другите. Оние кои се мачени, по принцип, се претвораат во мачители.
Фото: Wikipedia