X
 02.11.2017 Живот

Карл Јунг и психоанализата на Адолф Хитлер

Можеби не сте знаеле дека Карл Јунг бил антисемит и симпатизер на нацистите. Многумина го критикуваат, но некои го слават и го сметаат за ариевски херој.

За разлика од Ниче, чија работа била намерно корумпирана од нацистите, почнувајќи со неговата сестра, Јунг немал потреба да биде изваден од контекст за да биде читан како антисемит. Нема иронија во неговото дело од 1934 година - „Состојбата на психотерапијата денес“ во кое националниот социјализам го карактеризира како „застрашувачки феномен“ и пишува дека ариевската раса има повисок потенцијал од Евреите.

Јунг бил обвинет за тргување со своите професионални здруженија во текот на 30-тите години, за да го одржи својот статус. Авторот на неговата биографија, Дирдре Бер, тврди дека името на Јунг било користено за да се одобрува прогонот без негова согласност. Јунг бил гневен бидејќи тој, всушност, се борел за да ја одржи германската психотерапија отворена за Евреите. Бер тврдел и дека Јунг бил вклучен во два заговора за соборување на Хитлер. Тој им помагал на бегалците и работел за човек од ЦИА во текот на војната.

Може да се заклучи дека зборовите на Јунг, неговиот карактер и дејствија се навистина збунувачки. Сепак, служат како потребен контекст во набљудувањата на Адолф Хитлер. Денешните нацисти што го слават Јунг го прават тоа најмногу поради неговата карактеризација на Хитлер како „Вотан“ или „Один“, споредба која им ласка на неопаганите кои, како и Германците, користат антички европски системи на верување како закачалки за модерниот расистички национализам.

Во својот есеј „Вотан“, Јунг го опишува стариот бог како сила сама по себе, персонификација на психички сили, која се движи низ народот на Германија кон илјадниците невработени, кои до 1933 година ќе бидат стотици илјади што ќе маршираат. „Вотан“, напишал Јунг, е бог на бурата и бесот, ослободувачот на страсти и желниот за битка, магионичар и илузионист кој е обучен за сите тајни од култна природа. Јунг ги повторувал ваквите ставови и германското обожавање на Хитлер во повеќе интервјуа, каде што моќта на Хитлер ја опишувал како некаква форма на магија. Но, велел дека таа моќ единствено постои поради тоа што Хитлер слушал и го слушале. „Вистинскиот лидер е секогаш воден“, напишал Јунг.

Целото интервју на Јунг и неговите ставови можете да ги прочитате на овој линк.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот