X
 07.06.2017 Култура

Момчило Капор: „Работите не вредат колку што им е цената, туку онолку колку што сме вложиле во нив љубов“

Момчило Момо Капор е еден од најпознатите српски писатели и уметници. Роден е на 8 април 1937 година во Сараево, за кого го врзуваат лоши спомени. Имено, за време на бомбардирањето на Сараево во Втората светска војна заедно со неговата мајка и баба се скрил во стара турска куќа. Бомбата паднала директно на куќата и Момчило бил единствен кој го преживеал нападот само затоа што мајка му го заштитила со неговото тело. И самиот вели дека напишал стотици страници за некако да се ослободи од овој кошмар, но обидот секогаш бил неуспешен.

Завршил Академија на ликовни уметности во Белград и живеел вистински боемски живот. Неговата книжевност изобилува со лесен, едноставен стил со јасни конструкции на реченици но и силна порака.

Тој пишувал за љубовта, жените, политичката ситуација, за Белград кој го сакал многу и општо за животот. Со неговите дела умее да ги натера читателите да размислуваат за неговите ликови и да се идентификуваат со нив.

Ова се неговите најдобри цитати извадени од неговите дела.

„Да живеат нормалните бакнежи, на чело со бакнежот во чело!“

„Јас мислам дека најчудните луѓе изгледаат доста конвенционално и стандардно. Бидејќи човек кој е навистина чуден од внатре, оној кој во длабок конфликт со светот кој не го прифаќа и не сфаќа, не чувствува никаква потреба да се украсува од надвор, да привлекува нечие внимание. Напротив! Тој сака да се скрие. Дали има почудно човечко суштество од Кафка на пример; а тој цел живот работел во едно осигурувачко друштво во Прага, не разликувајќи се од надвор од останатите колеги“.

„Можеби среќата се состои во тоа навреме да престанеме со трката за среќа. Да стигнеме до животот пред докторите да ни забранат да пушиме, алкохол, храна, капење, сончање и љубов“.

„Потешка од граѓанската и верската војна е онаа која секој ја води сам во себе“.

„Работите не вредат онолку колку што им е цената, туку онолку колку што сме вложиле во нив љубов“.

„Видете, драга моја - светот денес е премногу слоевит за да може да се опфати или објасни само со една идеологија, колку таа да е напредна, авангардна и спасувачка... Сакале ние или не, можеме да кажеме дека живееме во доба на криза на идеологиите“.

„Се бара една поволна недела, без вести за несреќи и војни. Се бара пријател, макар истрошен, се бараат сите оние исчезнати, иселени, изгубени, оженети, се бараат сите оние што нè разнесоа парче по парче, дел по дел: деловите на нашето време, нашата љубов, се бара да ја вратат љубовта“.

„Човек може да каже дека животот не му е неуспешен ако може барем една единствена работа да ја направи подобро од другите“.

„Нова Година е за аматери, за оние кои никогаш не остануваат после полноќ во кафаните“.

„Не треба да се плашите од осаменоста. Таа е благородна, дел од нашиот живот, исто како собирањето. Но неа не може секој да ја издржи. Таа не е за слаби, кои постојано мораат да бидат опкружени со другите за да заборават колку се слаби. И не може секој од својата самотија, да формира бисер и да го поклони на другите. Бидејќи познато е: не може секоја школка да направи бисер.

Извор: Kultivisise.rs
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура