X
 16.09.2020 Забава

Најуникатниот ресторан на „Мекдоналдс“ се наоѓа во напуштен авион

Авионската храна има различно значење во Таупо, Нов Зеланд. Тоа е така затоа што овој мал град е дом на еден од најуникатните ресторани на „Мекдоналдс“. Ресторанот се наоѓа во нефункционален авион.

Посетителите не може да ја порачаат храната од авионот бидејќи шалтерите се наоѓаат во зградата до него, но во авионот има место за 20 луѓе.


Фото: Twitter

Авионот се наоѓа на истата локација последните 30 години. Претходно бил користен за реклама на компанија за продажба на автомобили, но „Мекдоналдс“ го купил во 1990 и го направил дел од својот ресторан. Ајлин Бирн и нејзиниот сопруг Дес го поседуваат ресторанот од 2000 г. Тие ја купиле франшизата во 1995 г.


Фото: Twitter

Локацијата е вистинска туристичка атракција во последните години. Бирн открива дека авионот бил направен во Калифорнија, САД, во 1943, а почнал да функционира како патнички авион во Австралија во 1961. Тогаш бил користен за поштата на Нов Зеланд и други корисници, а престанал да функционира во 1984.



Автор: Софи-Клер Холер
Извор: insider.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава