фото извор: Getty Images
Спиналонга, малиот, карпест остров на северниот брег на Грција, важи за туристичка атракција, а туристите најмногу одат за да ја истражуваат неговата темна историја. Пред помалку од 50 години Спиналонга било местото во Грција каде што биле испраќани луѓе со лепра, за таму да починат.
Пред антибиотиците да ја отстранат заканата од лепра во 40-тите години, болеста била широко распространета. Се стравувало дека се работи за високо заразна болест, а симптомите вклучувале оштетување на нервите и рани на кожата. За да се осигураат дека болеста нема да се прошири на здравата популација, луѓето од Грција ги испраќале болните далеку од своите семејства и пријатели, во колонии како што бил островот Спиналонга. На островот болните имале свој имот и нивниот идентитет бил отстранет. Постоел доктор кој живеел на островот Плака, па често доаѓал со брод на Спиналонга за да провери дали некои од жителите добиле и други болести, но всушност никогаш не ги лекувал од лепрата.
Спиналонга била замислена како колонија за лепра во 1903 година и за тоа се користела до 1957. Свештеник останал на островот до 1962 година за да ја одржи религиската традиција на Грчката православна црква. Селото имало два влеза, еден за лепрозните луѓе, а друг за здравите. Оној за заразените бил наречен „Портата на Данте“, како асоцијација за пеколот, бидејќи луѓето не знаеле што ќе им се случи на другата страна.
фото извор: Getty Images
Сепак, откако поминувале низ влезот, им биле давани храна, вода и медицински производи. Стандардите на островот биле навистина ниски, па експерт од Велика Британија напишал негативен извештај во врска со недоволната грижа на владата и островскиот доктор и недоволното обезбедување медицински третман за заразените.
Грчката влада, знаејќи дека потфрлила, ги запалила сите податоци од островот. Преживеаниот Епаминодас Ремоундакис, кој бил заразен и живеел на островот, ја раскажал историјата на островот и ја открил вистината во книга.
Туристи почнале да го посетуваат островот во 80-тите, а популарноста станала најголема во 2006 година со книгата на Висторија Хислоп. Во книгата се опишува историјата на островот, но на поетичен начин, па сега на секои 30 минути од Крит има брод кој се упатува до Спиналонга.
фото извор: Getty Images
Спиналонга не е единствениот остров што бил колонија за заболени од лепра, Австралија имала неколку вакви колонии. Иако
Спиналонга има мрачна историја, сепак островот со текот на годините напреднал и се развивал, а сега е и вистинска туристичка атракција.