„Панаја Какавиотиса“ е една од најуникатните цркви во Грција. Таа се наоѓа на островот Лемнос, во северниот дел на Егејското Море, а била именувана по планината Какавос на која била изградена.
Оваа грчка православна црква е позната по тоа што нема покрив и е
изградена во пештера. Таа е тешко достапна бидејќи се наоѓа среде карпи и на врв на планина. Била изградена во 1416 година од монаси кои избегале од Турците за време на инвазија.
Црквата порано претставувала засолниште за монаси и патници. Од неа може да се видат морето и планините на островот. До црквата се стигнува за околу 20 минути пеш.
Извор:
greekcitytimes.com
Насловна фотографија:
Instagram