X
 13.06.2021 Култура

Вистинската приказна за популарниот филм на „Нетфликс“, „Верувај ми: Киднапирањето на Лиса Меквеј“

Барате нешто што ќе гледате на „Нетфликс“? Филмот „Верувај ми: Киднапирањето на Лиза Меквеј“ е криминалистичка драма базирана на вистински настани за кои буквално сите зборуваат во моментов.

Ако сè уште не сте го гледале филмот, треба да знаете дека станува збор за вистинска приказна.

Приказната е за 17-годишната Лиса Меквеј, која живее во Флорида, а во 1984 година била киднапирана од серискиот убиец Боби Џо Лонг. Таа била силувана и малтретирана во период од 26 часа додека не искористила обратна психологија и паметна детективска работа за убиецот да ја ослободи.

Откако ја ослободил и таа стигнала дома, наместо да ѝ биде понудена поддршка, била испрашувана и нејзината приказна им била сомнителна на сите.

Филмот документира како еден детектив го ислушал нејзиниот случај, препознавајќи дека киднаперот е Боби Џо Лонг.

Кога ја киднапирал, киднаперот ѝ ги врзал очите, но Лиза успеала да запомни нешто од околината. Таа ги искористила рацете за да ги открие неговите карактеристики на лицето, а и допрела што е можно повеќе површини со надеж дека ќе остави ДНК зад себе.

Користејќи обратна психологија, кажувајќи му на киднаперот дека таа го чува нејзиниот сериозно болен татко, тој ја ослободил и ја однел дома со врзани очи. И покрај врзаните очи, Лиза забележала нешто во неговиот автомобил што станало клучен доказ кога полицијата почнала да го испитува случајот.

Исто така, Лиза забележала дека Лонг застанал на банкомат, а имајќи предвид дека банкоматите биле ретки во 80-тите, полицијата веднаш можела да открие кој е.



Кој бил Боби Џо Лонг?

Боби Џо Лонг бил озлогласен сексуален напаѓач кој оперирал во Тампа Беј на Флорида, во текот на 80-тите години. Наводно, сексуално нападнал 50 жени, а убил 10.

Во ноември 1984 година бил уапсен пред кино и обвинет за киднапирање на Лиза. Тој подоцна го признал киднапирањето, како и 10. убиства. Во 1985 година му била изречена смртна казна, а во 2019 година била извршена, 30 години по неговото апсење.

Каде е Лиза Меквеј денес?

Лиза работи во полиција со надеж дека никој друг нема да го помине истото. Таа е член на канцеларијата на шерифот во округот Хилсборо речиси две децении и службеник за училишни ресурси речиси седум години.

- Ако на некој ученик му е прилично лошо, му раскажувам приказна за девојче чие семејство го напуштило и кое било киднапирано и силувано. И го прашувам: „Дали мислиш дека таа го изгубила патот? Не. Таа стана полицаец и сега гледаш во неа“ - вели Лиса.



Извор: Glamourmagazine.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура