X
 02.07.2024 Живот

Ова се најскапите летувалишта во Европа

Некои туристички дестинации станаа синоним за луксуз и претпоставувате кој може да летува таму - само оние со многу нули на сметката.

Миконос е еден од најпознатите грчки острови токму поради тој момент и цените кои се астрономски за обичните луѓе. Цената за ноќевање во овој мал бел грчки рај, според „Букинг“, достигнува до неколку илјади евра, а истата ситуација е и во други слични европски летувалишта.

Белите куќи на Миконос

Миконос припаѓа на групата острови Киклади и се наоѓа на 150 километри југоисточно од Атина. Овој мал остров е преполн со бели куќи кои ги исполнуваат социјалните мрежи „Инстаграм“ и „Пинтерест“.

Миконос, со должина од околу 15 километри и ширина од 10 километри, е локалитет кој го окупираат милијардери со купување и градење недвижен имот. Покрај Миконос, според луксузните комплекси во Грција се издвојуваат Санторини, Крит, Крф и некои места на Халкидики.

Ултрабогатата клиентела ја покачи и цената за сместувањето на Миконос. Сместувањето во хотел со три ѕвезди е достапно на „Букинг“ овој јули за околу 300 евра. Тоа е цена за ноќевање за двајца возрасни, а се наведува дека во цената е вклучен појадок. Секој што сака да престојува во хотел со уште една ѕвезда ќе мора да потроши повеќе пари.

На „Букинг“ може да се видат бројки од кои малку ќе ви се сврти во главата, бидејќи цената за ноќевање достигнува и над 1.500 евра. Еден од најпознатите хотели на Миконос е „Санта Марина“, луксузен ресорт каде што ноќевање за двајца во супериор соба чини околу 2.000 евра, а има и соби кои чинат околу 3.600 евра.

Азурен Брег

Француската ривиера е термин кој веќе носи гламур сам по себе, бидејќи градовите Кан, Ница и Сен Тропе ѝ станаа омилени на светската елита уште во 18 век. Многумина ги закотвиле своите луксузни јахти на Азурниот Брег.

Еден од најлуксузните хотели во овој регион е „Фор Сизнс гранд хотел ду Кап Ферат“, каде што едно ноќевање за двајца чини повеќе од 4.500 евра.

Марбела се најде на врвот на листата „Најдобра европска дестинација 2024“, објавена од Организацијата за најдобри европски дестинации ЕБД. Имено, овој шпански град добил речиси 50.000 гласови, најмногу од англиски и американски гости.

Објект кој се издвојува по својата ексклузивност е хотелот „Марбела клуб“. Станува збор за зграда основана од германски аристократ во 50-тите години. Покрај сместувањето во елегантни соби, хотелот има можност за изнајмување вили со 2, 3 и 4 спални соби и приватни базени. Цената на ноќевање за две лица чини околу 2.220 евра. Интересно е тоа што хотелот нуди многу активности, како што се часови по градинарство и готвење. Гостите на хотелот добиваат бесплатен надомест за играње на живописниот терен за голф лоциран во Бенахавис, кој му припаѓа на клубот „Марбела“.

На топ-листата е и Грузија

По Марбела, по популарност следуваат Монако, Малта, Женева и Батуми во Грузија. Овие дестинации ги заземаат првите пет места на споменатата европска листа.

Извршниот директор на ЕБД изјавил дека богатите сега гравитираат кон помалку познати луксузни дестинации како Понка, Порто Векио, Кап Фере, Сирмионе и Фарски Острови за краткотраен одмор.

И Италија има места каде што се одмораат богатите, а се издвојуваат Сицилија и познатите езера Комо и Гарда. На мапата се издвојуваат и Корзика, шпанските Балеарски Острови и Тунис.

Извор: 6yka.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот