Кинеските паметни телефони минатата година ја презедоа Европа, се наведува во новото истражување на компанијата за анализа на пазарот „Каналис“. Новите податоци го потврдија трендот кој досега се насетуваше.
„Хуавеи“, „Шаоми“ и „УанПлус“ - кинеските брендови на паметни телефони, во 2018 година сочинувале 32 отсто, односно околу една третина од вкупниот број мобилни телефони доставени во Европа. „Хуавеи“ има лавовски удел од 23 отсто и 42,5 милиони доставени уреди на Стариот континент. Само во последниот квартал од минатата година биле доставени 13,3 милиони уреди, а со тоа извозот им се зголемил за 55 отсто во однос на 2017 година.
Број на уреди доставени во Европа во последниот квартал од 2018 во споредба со 2017 година (во милиони)
Фото: Jutarnji
Колку за споредба, „Епл“ во Европа внел незначително повеќе „ајфони“, 42,8 милиони. Аналитичарите предвидуваат дека до крајот на годината „Хуавеи“ ќе го тргне „Епл“ од втората позиција, како што наскоро ќе направи и во остатокот од светот. Во опасност е и досега недопирливиот „Самсунг“. Како што може да се види од графиконите, јужнокорејскиот гигант и американски „Епл“ забележале пад во продажбата во светот од 8, односно 3,2 отсто. Од друга страна, „Хуавеи“ бележи раст за 33 отсто, а неочекуван скок од 3,2, отсто бележи и „Шаоми“.
Глобална продажба на паметни телефони во 2018 во споредба со 2017 година
Фото: Jutarnji
Аналитичарите сметаат дека зад експлозивниот раст стои затегнатата политичка ситуација меѓу Кина и САД, па поради тензиите меѓу двете земји, кинеските компании се свртеле кон европскиот пазар, а тоа им одговарало на европските
потрошувачки бидејќи Кинезите донеле поконкурентни цени.