X
 10.10.2024 Живот

Европски земји во кои луѓето се најпријателски настроени

На прв поглед многу градови и жители се пријателски настроени, но постојат многу критериуми што влијаат врз тоа дали туристите ќе сакаат да се вратат на одредени дестинации.

Голем дел од луѓето својот впечаток за градовите што ги посетуваат го засноваат на дружељубивоста и пријателството на мештаните, но и на тоа дали келнерот е фин и љубезен. Но, кога се зборува за земји кои се пријателски настроени, класификацијата е потешка. Карактерот и однесувањето на луѓето што живеат во северните земји може да се различни во споредба со оние што живеат во јужните земји, а истото важи и кога станува збор за луѓето што живеат во градовите и оние во селата.

Сите овие разлики не го спречија магазинот „Конде наст травелерс ридерс чојс авордс“ да направи листа со 10. најпријателски земји во Европа, базирана на искуствата на читателите што ги посетиле овие земји.

Според резултатите, првото место ѝ припадна на Австрија со 93,88 отсто од 100, а минатата година на оваа позиција се наоѓаше Ирска.

Најзаслужната ставка за позицијата на Австрија е свесноста за животот и убавината на оваа земја, која привлекува многу туристи.

Иако Даблин не се најде на листата со најпријателски градови, Ирска се најде на 2. место.

Во продолжение е целата листа со најпријателските земји во Европа:

1. Австрија
2. Ирска
3. Хрватска
4. Португалија
5. Грција
6. Исланд
7. Швајцарија
8. Турција
9. Шпанија
10. Франција

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот