Министерството за климатски кризи и граѓанска заштита на Грција предупреди за зголемената опасност од пожари на почетокот на оваа седмица.
Под ризик се подрачјата Атика, Евија, Беотија, Коринтија, Илија, Арголис, Месинија, како и островот Родос, каде што пожарите продолжуваат веќе шести ден. На официјалната веб-страница на Министерството е објавена следната мапа со подрачјата во опасност за 24 јули.
Туристите беа евакуирани од Родос поради големите пожари, кои досега направија голема штета. Властите бараат од жителите да преземаат превентивни мерки, а доколку се соочат со опасна ситуација, да останат смирени и да си помогнат без да креваат паника.
Извор:
Sot
Насловна фотографија: Pixabay