„Фејсбук“ и „Инстаграм“ воведуваат големи промени за да спречат луѓето да не ги користат толку. И двете социјални мрежи се трудат да создадат услови за луѓето да ги користат на здрав начин.
Тоа вклучува посебна контролна табла, што ќе го покаже времето што корисниците го потрошиле на двете апликации, потсетници што ќе се појавуваат кога луѓето ќе ги користат премногу долго и опција за исклучување на известувањата.
Овие нови функции ги загрижуваат експерите за начинот на кој социјалните мрежи како „Фејсбук“ и „Инстаграм“ ги оштетуваат луѓето што ги користат.
Фото: Facebook
„Фејсбук“ изјави дцека новите алатки се развиени врз основа на соработка и инспирација од водечки експерти и организации за ментално здравје, академци, нивни сопствени обемни истражувања и повратни информации од заедницата.
Функциите се достапни во поставките. На „Инстаграм“ можат да се најдат со кликнување на „Your Activity“, додека на „Фејсбук“ опцијата се вика „Your Time on Facebook“.
Во функциите се наоѓа контролна табла што ја покажува активноста, како и разни опции наменети да обезбедат дека луѓето можат да го контролираат времето што го поминуваат на социјалните мрежи. Може да се постават дневни потсетници за тоа кога треба да се одјавите или да ги исклучите известувањата на одредено време.
„
Фејсбук“ се обидува да нагласи дека е наменет да биде место каде што луѓето чувствуваат дека нивното време е добро потрошено. Меѓутоа, многумина истакнуваат дека социјалните мрежи имаат уште долг пат што треба да го поминат за да се справат со различните проблеми што можат да ги нанесат врз младите луѓе.
Ажурирањата ќе се појават наскоро и на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“.