Само затоа што учествувале во дискусија за протестите во Хонг Конг, некои членови од форумот „Близард“ биле банирани на период од неверојатни 1.000 години. Со други зборови, тие нема да можат да постираат на форумот сè до 3019 година.
Компанијата „Близард ентертејнмент“, подружница на „Близард“, делумно ја поддржува кинескиот гигант за игри „Тенсент холдингс“.
Фото: Depositphotos
Дека не станува збор за случајна грешка, покажува и објаснувањето на компанијата дека забраната била одредена поради „тролање“ од страна на некои членови на форумот, како и дека ќе трае до октомври 3019 година. Освен тоа, многу теми што биле поврзани со протестите во Хонг Конг се избришани и до нив повеќе не може да се дојде.
Пред оваа одлука „Близард“ на себе веќе го имаше навлечено гневот од играчката заедница откако го суспендира победникот на големиот турнир „Хартстоун“, кинескиот прогејмер Ен-џи Ваи Чунг, поради поддршката што ја дал за протестите. Освен тоа, му била и одземена наградата од 10.000 долари.
Дека станува збор за контрапродуктивни потези, зборува фактот што многу корисници го осудиле потегот на
компанијата и најавија дека поради него ќе бојкотираат.
„Близард“ стана најновото корпоративно име што се најде среде тензиите во врска со протестите во Хонг Конг, привлекувајќи поддршка во Кина, но и привлекувајќи критики од фановите, играчите и коментаторите од Запад. Некои од нив изјавија дека ќе престанат да работат за „Близард“ како резултат на одлуката на компанијата.