X
 02.08.2018 Технологија

Потпишан досега најголемиот договор за 5G во светот!

Американскиот „Т-мобајл“ ја одбра финската „Нокиа“ за набавка на нова 5G мрежна опрема вредна 3,5 милијарди долари, соопштија двете компании. Ова е досега најголемиот договор поврзан со 5G во светот и e конкретен доказ за јакнење на новиот циклус за надградба на безжичната мрежа.

Третиот по големина мобилен оператор во САД „Т-мобајл“, кој во април годинава се спои со „Спринт“ за да го создаде најголемиот конкурент на американските телекомуникациски џинови „Верajзон“ и „АТ&T“ – потенцираше дека со повеќегодишниот договор за набавка со „Нокиа“ ќе го достават првиот 5G мрежен сервис ширум земјата.


5G договор
(Фото: Reuters)


Договорот со „Т-мобајл“ е од пресудна важност за „Нокиа“, чии деловни резултати со години се под притисок поради опаднатата побарувачка за постоечката 4G мрежа и растечките сомнежи на инвеститорите околу тоа дали новиот договор ќе ја зголеми профитабилноста во вториот дел од годинава.

5G мрежата ветува постигнување на поголеми брзини за корисниците на мобилни телефони и мрежите ги прави почувствителни и посигурни за евентуален развој на новата индустриска автоматизација, медицинскиот надзор, автономните возила како и многу други намени.

Но, парично-ограничените телекомуникациски оператори низ светот беа исклучително внимателни по прашањето за преземањето на комерцијални надградби на постоечките мрежи, со оглед што многумина 5G-технологијата ја гледаат како начин за постепено зголемување на капацитетот наместо како нова можност.

„Нокиа“ ќе ја снабди „Т-мобајл“ – американската подружница на германскиот „Дојче телеком“, со својата радиски достапна платформа AirScale, вклучително и хардвер поврзан со „клауд“ сервис, софтвер и услуги за забрзување, беше наведено во соопштението.

Производителите на мрежна опрема, предводени од трите големи играчи – кинескиот „Вавеј“ (Huawei), „Нокиа“ и шведскиот „Ериксон“  се борат со забавениот развој уште од 2015 година, кога побарувачката за опрема за сегашната 4G генерација го достигна својот врв.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија