Вистинити приказни. Внимание: Секој има право на свое мислење и заклучок.
Приказна број 1
Излегува трудница од такси со куп кеси. Таксистот притоа не ѝ помага да излезе ниту пак и го придржува багажот.
Таа налетува на еден дечко и го замолува да и помогне. Тој несебично ѝ помага, го зема багажот, го носи до влезот а притоа ја придружува во лифтот до последниот кат.
Таа му се заблагодарува. И го прашува: -Од кај си ти?
Момчето одговара: - Од Србија.
Таа: - Ах, знаев дека не си оттука. Кај нас никој не сака да помогне.
Приказна број 2
Си беше една жена, кој многу одамна стана просјак и секој ден седеше на истото место во центарот на градот.
Ќе ѝ пуштеше некој денар, два, пет, ако имаше среќа и повеќе.
Еден ден помина девојче и ѝ подари цвет.
Таа воскликна. Одамна никој не ѝ беше подарил внимание.
Приказна број 3
Автобусот со патници тргнува од главниот град да собере патници од друг. Се качуваат.
На резервираното место на еден од патници кои сега се качуваат седнал друг патник со број за друго место.
А неговото место стои слободно.
Притоа вели: - Не сакам да се расправам. Тоа со агенцијата да си расчистите. Јас не сакам да седам таму, не планирам. Ми е гајле што имате резервирано тука. Не станувам.
Приказна број 4
Одат три девојки во еден клуб со четири гратис карти. Доаѓаат други три со кои што не се познаваат. Им фали една карта за да влезат.
Првите наслушуваат и им ја подаруваат картата.
Приказна број 5
Едно детенце проси. Некој му вели: - Немам да ти дадам.
Детето: - Јас имам десет денари, ако немаш ќе ти ги дадам, купи си нешто.
Приказна број 6
Доаѓаат луѓе од одмор. Сакаат да земат такси. Таксистот застанува и притоа не им помага да ги стават куферите во багажник.
Затоа што му се виделе многу на број (инаку 4), им вели: - Јавајте си ги куферите до дома.
Приказна број 7
Девојка во ресторан бара салата без кромид.
Келнерот и носи со кромид.
Таа бара нова.
Тој: - Дај јади си ја ваква, не ме зезај, кој ќе ти носи друга сега.. Еее!
Таа е упорна. Носат нова салата и таа гледа дека и плукнале во неа.
Драгана Стојчевска