„Економист“ објави инфографикон на својот линкдин-профил врз основа на податоците од Извештајот за глобална конкурентност на Глобалниот економски форум за 2018 година.
Оваа табела покажува дека Босна и Херцеговина се наоѓа на врвот (од земјите во регионот), меѓу земјите со најголем одлив на мозоци. Македонија се најде на 8. место.
Претходно објавената статија од „Економист“, „Што мислат образованите луѓе од сиромашните земји за одливот на мозоци?“, зборува за парадоксот каде што најпаметните луѓе, кои се единствена шанса за сиромашните земји да излезат од тешката економска ситуација, ги напуштаат овие земји токму поради оваа ситуација.
8
Фото: The Economist
Високо квалификуваните имигранти од посиромашните делови на светот се топло пречекани од повеќето богати земји. Во дебатата за миграцијата на Западот странските хирурзи и инженери за софтвер не се „непријатели“ на начин на кој се гледаат земјоделските работници и келнерите, иако тие мигрираат во сè поголем број. Од 2010 до 2011 година бројот на универзитетски образовани мигранти во Г-20, група на големи економии што е домаќин на две третини од мигрантите во светот, порасна за 60 отсто, според ОЕЦД.
Но, ова звучи како тренд што носи добивка за сите бидејќи земјите-домаќини имаат корист од вештините на мигрантите, кои за возврат имаат корист од постабилно економско опкружување. Но, некои економисти за развој се плашат дека е лошо за матичните земји на мигрантите. Тие тврдат дека одливот на
мозоци од сиромашните земји ги ограбува тие земји, на кои им се потребни овие луѓе. Други се скептични во врска со оваа теорија тврдејќи дека придобивките од егзилот и новите вештини што мигрантите ги враќаат дома далеку ја надминуваат штетата од нивното заминување.