Aурора, ѕвезди и метеор се снимени во неверојатно ново видео направено од Меѓународната вселенска станица.
Астронаутот Метју Доминик од НАСА, командант на мисијата „Спејс екс кру-8“, сподели нов тајмлепс од фотографии од Земјата направени непосредно пред изгрејсонце. Оваа ноќна глетка вклучува поларна светлина која танцува низ атмосферата на Земјата.
Тајмлепсот е направен од внатрешноста на модулот „Купола“ на орбитирачката лабораторија, а во преден план на видеото се гледа роботскиот „Канадарм2“.
- Ако гледате внимателно, можете да видите „напад“ на метеори кон Земјата - напиша Доминик во објавата.
Сепак, најистакнат дел се зелените и виолетовите поларни зраци кои го осветлуваат ноќното небо.
Извор:
Space.com
Фото: NASA/Matthew Dominick