X
 20.12.2023 Здравје

Вештачката интелигенција може да препознае аутизам од една фотографија

Не е лесно да се дијагностицира аутизам на што порана возраст. Симптомите кои може да укажуваат на некои нарушувања од спектарот на аутизам се многубројни. Токму тука би можела да помогне вештачката интелигенција.

Поточно, модели за длабоко учење може да се користат за препознавање на првите знаци на аутизам и дефинирање на сериозноста на состојбата. Сето тоа би можело да се постигне само со една фотографија од око. Претходни истражувања веќе откриле промени во мрежницата кои може да се поврзат со промените во структурите на мозокот кои укажуваат на аутизам.

- Лицата со таквите нарушувања имаат структурални промени во мрежницата кои може да рефлектираат промени во мозокот, меѓу другото и абнормалности во визуелните патишта низ ембрионските и анатомските врски - пишуваат научниците во ново истражување на корејскиот медицински факултет „Јонсеи“.

Користејќи алатка за вештачка интелигенција, научниците создале модел за забележување промени во мрежницата што укажуваат на нарушувања од спектарот на аутизам.

Моделот бил обучен со фотографии од лица со и без аутизам. Потоа, моделот бил тестиран и точно ги издвоил фотографиите од око на испитаниците што имале аутизам. Моделот бил тестиран на деца од 4 до 18-годишна возраст.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје