X
 02.09.2016 Образование

Разликата помеѓу учениците во минатото и учениците денес

Првиот училиштен ден за децата е момент кој долго ќе остане во нивната меморија - првото училишно столче, првата клупа и првиот поглед на наставничката се работи кои децата ги помнат долго време и токму тие влијаат врз нивното искуство во целост.

Училиштето нас нè потсетува колку животот беше едноставен во тоа време, додека децата нè потсетуваат колку е различно нашето училишно искуство од нивното. Што тогаш беше дозволено, а денес не само што не е дозволено туку денес и незамисливо и од родителите и од наставниците.

1. Дозволено беше наставниците со висок тон да им се обраќаат на децата

Дури и беше дозволено учениците да добијат по некоја „воспитна“ доколку не се однесуваат соодветно на час. Во сето ова немаше ништо чудно. Родителите беа свесни за сето ова и нормално немаа ништо против затоа што се водеа по старата поговорка: „Ќотекот од рајот е дојден“. Всушност, во наше време беше чудно ако наставникот не преземе поостри дисциплински мерки ако некој ученик не беше мирен на час. А денес - глоба во износ од 3.500 до 4.000 евра ќе му се изрече на средното училиште, ако професор телесно казни ученик или психички го малтретира.

2. Наставниците беа вистински авторитет

Поголемиот дел од наставниците беа вистински пример за тоа како треба да изгледа и да се однесува еден наставник. Неговиот авторитет беше и повеќе од почитуван од учениците. Учениците мораа да станат од клупите и да го поздрават наставникот во знак на почит, а истото следуваше и кога наставникот излегуваше од училницата. Замислете, ова го правевме за сите наставници, по сите 14 предмети. Денес ова е реткост - однесување со кое денешните ученици и не се баш најдобро запознаени.

3. Секој од нас ја имаше искусено „магарешката клупа“

Се сеќавате на магарешката клупа? Верувам дека секој од нас роден пред 90-тите има искусено „седење“ на оваа клупа. Во принцип, магарешката клупа беше за немирните ученици кои беа немирни за време на часовите. И замислете, функционираше!

Дали можете да замислите денес наставник да го казни ученикот со седење на магарешка клупа? Веднаш ќе започнат приказни за дискриминација, омаловажување, исмејување, па ќе се повика родителот, па следува наставнички совет и на крај отказ за наставникот.

4. „Дајте музика“ и „Ѕвон“ - емисии на нашата младост

Ова беа двете емисии наменети за помладата публика. Всушност, тие беа единственото нешто што ние децата смеевме да го гледаме - и секако, по некој цртан иако ретко не' оставаа да гледаме бидејќи се знаеше дека телевизорот не е „играчка“ на децата туку на возрасните.

На денешните деца не само што на располагање им е телевизор од 58 инчи (чиниш на кино се), туку и мора по цел ден да бидат пуштени цртани. Доколку не им се допаднат цртантите, нормално тука е мобилниот телефон/таблетот/компјутерот за тие да гледаат што ќе посакаат.

5. Домашните задачи ги пишувавме сами


Реткост беше нашите родители со нас да седнат и да ги пишуваат домашните задачи - сами пишувавме, сами цртавме, сами решававме задачи и сами учевме.

Се чини дека денес наставниците даваат домашни задачи наменети за родителите, додека децата немо зјапаат во задачите и „проектите“ кои треба да ги завршат нивните родители.

6. Училишниот одмор значеше 15 минути време за трчање надвор

Едвај чекавме да ѕвони ѕвончето и да го означи големиот одмор затоа што тоа за нас значење 15 минутно играње со топката, бркање, трчање и забавување. Децата денес остануваат во училниците и седат на нивните паметни телефони, правејќи селфи за на „Snapchat“ и „Instagram“.

7. Ученикот секогаш беше „дежурен кривец“


Доаѓањето на училиште со родител беше вистински кошмар за нас. Тоа значеше двојно викање, опоменување, казнување - од една страна беше строгиот поглед на наставникот, а од друга страна беше собраната уста од нерви на нашите родители бесни поради она што сме го направиле или не сме направиле. Не постоеше прашањето: „Што направи моето дете?“ туку само реченицата: „Казнет/а си поради твоето однесување“. Не се доведуваше во прашање авторитетот на наставникот и дали греши или не греши.

Денес родителите доаѓаат на кавга кај наставниците, такашто наставниците се оние кои завршуваат правдајќи се зошто со повисок тон им се обратиле на ученикот. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование