X
 21.09.2017 Култура

Композиции што Моцарт ги создал на 5-годишна возраст

Младо момче што може да свири какво било парче музика што некој ќе му го даде, со леснотија компонира симфонии - реченица што одлично го опишува детското чудо Волфганг Амадеус Моцарт.

Неговата музичка способност изгледа дека порано созреала со оглед на тоа што компонирал стотици сонати, квартети и опери, завршувајќи со Реквием, неверојатно дело по секоја мерка, и покрај тоа што останал незавршен поради смртта на Моцарт во 1791 година, на 35-годишна возраст.

Не само што тој можел да свири со неверојатна вештина туку и до неговата шеста година имал компонирано десетици извонредни дела на клавијатурата, како и на други инструменти. Неговите први напори за компонирање започнале кога тој имал само четири години.

Во продолжение има десетици композиции од Моцарт создадени во текот на неговите детски и тинејџерски години.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура