X
 13.04.2018 Живот

Најзабавниот автопат во Холандија - возачите го обожаваат, мештаните го презираат

Ако се возите по автопатот што се наоѓа покрај малото холандско место Јелсун, немојте да се изненадите кога ќе сфатите дека станува збор за „музикален“ пат што ја свири фризиската химна - песната доаѓа од „легнатите полицајци“.

На патот се поставени „легнати полицајци“ што ја свират музиката за патувањето по монотониот автопат да го направат поинтересно и возачите да останат будни зад воланот. Но автопатот што ја свири музиката предизвика револт кај жителите на Јелсун, кои велат дека постојаното слушање на истата мелодија ќе ги доведе до лудило.

Музиката се активира во моментот кога тркалата на автомобилот минуваат над „легнатиот полицаец“. Кога возилото се движи со дозволената брзина од 60 километри на час, автопатот беспрекорно ја свири химната на Фризија, покраина што се наоѓа во северниот дел на Холандија, а која има посебен јазик и култура.

Мелодијата е доста гласна и со оглед на тоа дека звукот патува во воздухот, жителите им се жалат на властите дека „музичкиот пат“ ги држи будни цела ноќ. Како тоа звучи во живо, погледнете на видеото.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот