X
 23.05.2018 Технологија

„Убер“ развива нова технологија на летање заедно со Пентагон



„Убер“ потпиша договор за соработка со американската војска, вреден еден милион долари, што би требало да резултира со заедничка работа на технологијата на ротори, а би можел да доведе до нови откритија и подобрувања на воената технологија и на технологијата за цивилна примена.


Прототипот на „Убер“ за летечко такси
(Фото: Uber)


Како што се истакнува во заедничкото соопштение, истражувањето ќе се концентрира на создавање на првите применливи коротациски ротори или пропелери. Во превод, се работи за систем каде што два ротациски системи, односно пропелери, се ставаат еден врз друг и тие ротираат во иста насока.

Иницијалните експерименти покажаа дека таквите ротори се значително потивки од моментално достапните, но и многу се поефикасни при летањето.

Оваа соработка ќе биде корисна и за американската војска, која се обидува да развие што потивки беспилотни летала, но и за „Убер“, кој веќе најави развој на своите летечки такси-возила.

Освен со американската војска, „Убер“ договори и соработка со компанијата „Ланчпоинт технолоџис“, која е фокусирана на создавање иновативни електрични мотори кои ќе бидат потребни за покренување на коротациските пропелери.

За „УберЕр“ да стане реалност, компанијата во изминатите неколку месеци договори соработка со цела низа компании што имаат завидно искуство во производството на летала, како и на делови за воздухопловната индустрија.

„Убер“ потпиша договор и со НАСА за развој на нов концепт за управување со беспилотен сообраќај кој би овозможил безбедно и ефикасно летање на помали височини.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија