Викендот е период од неделата кој сите со нетрпение го очекуваме за да се одмориме и да ги наполниме батериите. Ова се неколку нешта кои успешните луѓе ги прават во текот на викендот.
1. Планираат однапред
Многу успешни луѓе однапред ги планираат активностите за викендот за да не бидат приморани да работат. Така, на пример, тие резервираат маса во ресторан, се договараат со пријателите да одат на кафе или, пак, планираат активности со своите деца. Тие доволно стратешки смислуваат „акционен план“ за викендот, но и доволно се флексибилни за да можат да се позанимаваат со каков било деловен проблем кој ќе се појави.
2. Се подготвуваат на работа
Успешните луѓе изреката „Што можеш денес, не оставај за утре“ ја сфаќаат буквално, па пред да си заминат од работа, си го чистат работното место, ги завршуваат задачите со краток рок и прават јасен план на активности. На тој начин тие не размислуваат за работата во текот на викендот, туку едноставно одмораат.
3. Поставуваат „технолошки граници“
Успешните луѓе си поставуваат правила поврзани со електронската пошта и телефонот, како за себе, така и за луѓето со кои работат. Така, нивните соработници знаат дали тие ќе бидат достапни и во кое време бидејќи е од голема важност целосно да се одморите од работата и да имате на ум дека сѐ може да причека.
4. Не работат ништо
По забрзаниот ритам во текот на неделата, многу успешни луѓе навистина ги планираат активностите за време на викендот, но тие планови вклучуваат и малку време кога не работат апсолутно ништо. Работната недела е полна со рокови и состаноци, така што успешните луѓе уживаат по некој час или ден без никакви обврски и распореди.
Фото: Jutarnji
5. Минуваат време со фамилијата и пријателите
Често ни е тешко во текот на неделата да им се посветиме на оние кои навистина ни значат, а викендот е идеално време да поминеме квалитетно време со нив.
6. Вежбаат
Успешните луѓе сфаќаат колку вежбањето е важно за нивното физичко и ментално здравје, па ни за време на викендот не ги прескокнуваат тренинзите.
7. Волонтираат
Многу успешни луѓе сметаат дека минувањето на своето слободно време волонтирајќи и помагајќи им на другите ги полни со позитивна енергија.
8. Минуваат време во природа
Викендот е совршено време да излезете надвор и да дишете чист воздух особено ако во текот на работната недела сте биле „заробени“ во канцеларија. Не е важно кој месец е - искористете го слободното време и прошетајте во природа.
9. Планираат мини одмори
Некои успешни луѓе планираат својствени мини одмори во дворот или градината. На тој начин уживаат во целосен ментален одмор, но без стрес или планирање кои доаѓаат со вистинското патување по кое луѓето често во понеделникот на работа се враќаат уште поуморни отколку што биле во петокот кога си заминале дома.
Ако сепак би сакале да излезете од дома, препорачливо е да отпатувате до некоја помалку оддалечена дестинација до која ќе патувате час или два. Така ќе видите некое ново место, а нема да морате да потрошите премногу време планирајќи и патувајќи.
10. Се занимаваат со нешто што го сакаат
Викендот е одлично време да се позанимавате со вашата омилена активност или хоби, без разлика дали станува збор за читање, трчање, дружење или шопинг. Правете го она што ве усреќува, а за кое немате време преку неделата.
11. Не размислуваат за работата
Ова е тежок предизвик за мнозинството од нас, но голем број луѓе не се вознемируваат поради презентациите, состаноците или роковите кои истекуваат. Наместо тоа, тие се фокусираат на она што го прават во моментот.
12. Ги полнат батериите
Сите имаме потреба да се одмориме и одвреме-навреме да ги наполниме батериите, а успешните луѓе за тоа ги користат викендите. Прават планови и се активни, но се грижат и да надоместат за пропуштените часови сон и имаат доволно слободно време да се опуштат.
Фото: Jutarnji
13. Понекогаш ги заменуваат слободните денови
Некои успешни луѓе си земаат некои други слободни денови, па во сабота, на пример, одат на работа за да бидат сами и да сработат повеќе додека никој не им пречи. Така, ако можете да си го дозволите тој луксуз, направете го токму тоа.
14. Си го штитат своето време
Успешните луѓе се свесни дека нивното време е драгоцено и не губат време на глупости, а особено не за време на викендот. Научете да им кажете „не“ на идеите кои не ве интересираат. Можеби е викенд, но тоа не значи дека не можете да испробате некои стратегии за управување со времето и организација. Животот е прекраток да го трошите
бесцелно.