Швајцарската Влада основала таканаречена временска банка чија цел е да им помага на постарите лица. Како функционира оваа временска банка?
Станува збор за иницијатива со која младите може да волонтираат за да им помагаат на постарите граѓани, а времето поминато волонтирајќи ќе им се забележува. Тоа значи дека кога ќе остарат, ќе имаат право на помош од млади волонтери.
Сличен концепт за грижа за постарите постои и во Пекинг, каде што секој волонтер заработува поени за грижа за постари. Овие поени може да се откупат кога ќе наполнат 60 години или да им се донираат на други лица. Волонтерите што ќе заработат 10.000 поени имаат право на нега во државен дом за стари лица.
Според податоци од Светскиот економски форум, населението во светот станува сè постаро. Секое десетто лице во светот има над 65 години. До 2050 година се проценува дека секое шесто лице ќе има над 65 години.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay