Претставници на Факултетот за применети општествени студии (Fakultet za uporabne druzbene studije - FUDS) и на Факултетот за медиуми (Fakultet medije - FAM) денеска ќе одржат отворен информативен ден за сите заинтересирани идни докторанди по социологија и стратешко комуницирање.
Информативниот ден ќе се одржи во хотелот „Солун“ (центар на Град Скопје) со почеток во 17:30 часот, каде што претставници на двете високообразовни институции ќе разговараат со потенцијалните кандидати околу условите за упис и можностите, по завршување на докторските студии, за стекнување меѓународно призната диплома, базирана на функционално знаење за решавање на секојдневните предизвици.
Идните доктори на науки ќе добијат образование по сопствен избор на српски (латиница) или на англиски јазик. Наставата ќе се одвива на англиски јазик, додека подготовката и одбраната на докторската дисертација може да се прават на српски или на англиски јазик.
Овие приватни факултети за областите
Социологија и
Стратешко комуницирање работат според современи методи и програми и се ангажирани на многубројни ЕУ-проекти. ФУДС е првиот факултет во Словенија со признати докторски студии според Болоња. Во следните три години на овој факултет, исто така, ќе работи и престижниот центар за извонредност „Жан Моне“.
Програмите, покрај современата литература достапна во библиотеката на факултетот, нудат пристап и до податоци од истражувањата на факултетите, работа во мали групи, интерактивни предавања, посветена работа со ментори и размена на мислења со колегите и завршените доктори на науки во рамките на специјално организирани конференции и работилници.
Информативниот ден е од отворен карактер за сите заинтересирани потенцијални доктори на науки (не е потребна регистрација или најавување), на кој ќе добијат повеќе информации за докторските студии по социологија и стратешко комуницирање во Словенија и можност да ги постават сите прашања и дилеми.
(Комерцијална објава)