Босна и Херцеговина има најмал број вакцинирани жители против коронавирусот во регионот, додека Словенија има најмногу. Во Словенија досега биле аплицирани 1,92 милион дози, а целосно се имунизирани 918.000 лица. Тоа е 44,1 отсто од населението.
На второ место во регионот се наоѓа Србија, каде што се аплицирани 6,02 милиони дози, а две дози примиле 2,82 милиона жители. Србија досега вакцинирала 40,7 отсто од населението.
Хрватска досега вакцинирала 40,1 отсто од населението, а биле аплицирани 3,3 милиони дози, но целосно се вакцинирани 1,63 милион лица.
Во Црна Гора биле аплицирани 405.000 дози, а 190.000 жители примиле две дози. Со тоа, 30,5 отсто од жителите на Црна Гора се целосно вакцинирани.
Во нашата земја досега биле аплицирани 1,3 милион дози, а целосно се имунизирани повеќе од 589.000 граѓани, според последните податоци од Министерството за здравство. Со тоа, досега се вакцинирани над 27 отсто од жителите.
Фото: Pixabay
Во Албанија досега се вакцинирани 22,9 отсто од жителите. Биле аплицирани 1,5 милион дози, а комплетно се вакцинирани 656.000 лица.
Во Босна и Херцеговина досега се вакцинирале 10,9 отсто од жителите. Аплицирани се 918.000 дози, а целосно се вакцинирани 361.000 жители.
Веб-страницата што го објавува процентот на вакцинирано население „Аур ворлд ин дејта“ не објавила податоци за Косово.
Извори:
Avaz |
Министерство за здравство
Фото: Љубљана/Pixabay