Мајкл имал 24 години, кога докторите му кажале дека има малолетничка макуларна дегенерација.
Ова е состојба која доведува до делумно или целосно слепило со текот на годините. Бидејќи се срамел од оваа негова состојба, тој одлучил да не им кажува на неговите пријатели и на семејството.
„Ми беше толку многу срам бидејќи не можев да гледам. Кога ќе се сетам на минатото, посакувам да им кажев. Веројатно ќе започнев на факултет многу порано и ќе ја добиев помошта која навистина ми беше потребна“, вели Грифин кој денес има 37 години.
13 години откако бил одбиен за лиценца, тој напорно учел за да добие вонреден степен по компјутерско програмирање на Државниот колеџ во Флорида. Тој се надева дека ќе успее да биде дел од 4 годишната универзитетска програма и ќе може да прави апликации кои ќе им помогнат на луѓе како него.
Неговата професорка Елизбет Доуди вели дека Грифин мора да го зумира неговиот екран толку блиску што тој може да види само еден збор.
„Во себе се обидував да размислувам како наставник - тој не може да го види целиот збор, како ќе може да чита цели реченици? Но, успеа; тој дури и разви сопствен софтвер за да биде во чекор со учењето“, вели таа.
Со текот на времето Гирифн успеал да научи C++, Python и Visual Basic. Сега учи C-Sharp, програмски јазик за телефонски и компјутерски апликации.
Оваа година тој доби стипендија од 2.500 долари од американскиот совет на слепите и 500 долари од советот Сарасота.