Ако некогаш сте забележале мали форми во вид на црв или транспарентни светилки во вашето видно поле (што мистериозно исчезнуваат веднаш штом се обидете да се фокусирате на нив, а потоа повторно се појавуваат кога ќе се откажете), не се грижете, не сте луди, туку имате лебдечко матно стаклесто тело во вашето видно поле.
Технички познати како „muscae volitantes“, што преводот од латински би бил „летачки муви“, овие досадни оптички илузии се создаваат во внатрешноста на окото под многу специфични околности.
Како што објаснува „ТЕД-Ед“ видеото подолу, ова се ситни предмети што влегуваат во внатрешноста на окото и фрлаат сенка на вашата ретина - ткивото чувствително на светлина во задниот дел на окото.
Всушност, тие се делови од вашето тело што се распаѓаат - мали делови од ткиво, црвени крвни клетки и протеини и зваршуваат во делот што го исполнува просторот помеѓу леќата и ретината.
Бидејќи се контролирани од движењата на течноста во окото, тие се движат секаде каде што се движи очното јаболко, па дури и може да се „удри“ од страните како што го преместувате вашето видно поле од една на друга страна, обидувајќи се да го „фатите“.
Ако сакате подобро да ги погледнете, обидете се да го насочите погледот кон позадина во боја, како на пример бел компјутерски екран или чисто небо.
Ако никогаш не сте доживеале нешто вакво, но сте виделе мали блесоци на светлина кога го гледате небото, тогаш сте доживеале слична, но сосема неповрзана
оптичка илузија позната како ентопичен феномен на сино поле.