Казахстан ќе добие сопствена серија во стилот на „Игри на престолот“. Не се работи за преработка на серијата, туку за серија која ќе ја раскаже приказната за создавањето на казахстанската држава пред повеќе од 500 години.
Серијата ќе ги претстави настаните кои воделе до создавањето на Казахстан во 1465 година по распаѓањето на империјата Златна орда водена од Монголите. Настаните ќе бидат претставени во модерно време. Серијата ќе има 10 епизоди и ќе биде снимена од реномираниот режисер Рустем Абдрашев.
„Историјата на мојата земја и историјата на мојот народ и начинот на кој се создале не е само битна, туку и важна за овој момент“, изјавил Абдрашев.
Според него, ова ќе биде добар пример за следната генерација. Плановите за серијалот биле откриени за време на државна прослава во 2015, кога се одбележувала 550-та годишнина од создавањето на државата.
Меѓутоа, снимањето на серијалот можеби не би се случил без интервенцијата на неочекуван извор. Имено, интересот се појавил откако Владимир Путин, претседател на Русија, изјавил дека државата е стара само дваесет години и го отфрлил нејзиното минато.
Луѓето кои работат на серијалот се надеваат дека ќе ја промовираат историјата и моќта на Казахстан на глобално ниво.