X
 12.08.2015 Живот

Веб серија која треба да ја гледа секоја жена

Интернетот и медиумите имаат лоша навика - да шират нездрава слика за тоа како треба да изгледа женското тело, меѓутоа повремено прикажува и нешто одлично.

 

proekt


#ProjectWomanKIND е веб страна создадена од австралискиот модел Џесика Вендер Лихи, чијашто мисија е да ги поттикне жените да размислуваат убаво за себе, без разлика на тоа како изгледаат.

Во кампањата се вклучени пет модели, меѓу кои и самата Лихи, Оливија Лангдон, Софи Шепард, маргарет Макфеерсон и Стефанија Ферарио. Лихи дошла до овој концепт кога жените започнале да ја прашуваат за совет за тоа како да ја подобрат сопствената слика за телото и како да размислуваат позитивно за себеси.

 

Работејќи како модели, овие жени се соочиле со многу коментари за нивните тела, кои постојано се изложени пред камера. Тие не се срамат отворено да зборуваат за издигнувањата и падовите кои ги имале во животот. А она што го имаат да го кажат е неверојатно.


Оливија Лангдон признава дека поголемиот дел од нејзините тинејџерски години го поминала фокусирајќи се на она што не го сакала кај себе. На крај таа направила промени во нејзиниот животен стил, но сепак и покрај тоа таа била незадоволна.

Запрашана кој би бил советот за 16 годишните таа вели:

„Вашата смисла за самовредност не е неважна ниту пак пропорционално на вашата форма или големина“.

Колку слични разговори сте имале со вашите другарки? Колку пати сте се пожалиле затоа што имате голем стомак или мали гради или широки колкови?

 

Проектот WomanKIND е одговор токму во тие моменти, кажувајќи ни дека е во ред да се има несигурности бидејќи секој ги има, меѓутоа треба да се прифатите себеси онакви какви што сте, а не какви што мислите дека треба да бидете.


„Многу често ги прикриваме нашите несигурности длабоко во себе и знаете дека не треба да ги кажувате на глас, бидејќи тоа ќе ги изложи вашите слабости, меѓутоа олеснува тогаш кога знаете дека сите имаат несигурности и слаби точки“, вели Лихи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот