X
 02.10.2018 Технологија

По нападот на „Фејсбук“, загрозени и „Тиндер“, „Инстаграм“ и „Спотифај“

„Фејсбук“ во петокот призна дека на неговата мрежа се случило „безбедносно пробивање“ во кое сè уште непознат напаѓач или напаѓачи успеале да пристапат до профилите на десетици милиони корисници преку искористување на ранливостите на софтверот.

Но, дури подоцна, на следен конференциски повик со репортерите, од „Фејсбук“ истакнаа еден од најалармантните делови од инцидентот - не само што хакерите успеале да добијат пристап до профилите на погодените корисници, туку исто така имале пристап и до секоја друга услуга во која лицето го користело профилот за да се регистрира. Тука спаѓаат апликации како „Тиндер“, „Спотифај“ и „Ербиенби“. Исто така, може да е погоден и „Инстаграм“, кој е во сопственост на „Фејсбук“.

Фото: Science Alert

Откритието драстично го зголемува потенцијалното влијание на нападот, ставајќи ги под ризик приватните податоци на луѓето низ интернетот. Тоа може да принуди голем број големи компании и стартапи да ги испитаат нивните системи за да побараат докази од малициозна активност.

„Тиндер“, „Спотифај“ и „Ербиенби“ - трите технолошки компании од највисок профил што го користат логирањето на „Фејсбук“ - не дадоа никаков коментар.

Што всушност се случи?

Накратко, напаѓачите нашле начин да го измамат „Фејсбук“ да им даде „пристапни токени“ - во основа, дигитални клучеви - кои им овозможуваат пристап до профилите на другите корисници. Овие пристапни токени теоретски им овозможуваат на напаѓачите да пристапат до која било друга услуга што некој ја користел со логирање преку „Фејсбук“ и да добијат пристап до лични информации.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија