X
 02.10.2018 Живот

САД ги укинува дипломатските визи за истополовите партнери од ОН

САД објави дека ќе ги укине дипломатските визи за истополовите партнери на странските дипломати и вработените на ОН.

Промената стапи на сила во понеделникот, давајќи им можност на партнерите да заминат до 31 декември, да стапат во брак или во друг случај да ја променат визата. Ова е промена на правилата воведени во 2009 година.

Моментално, 25 земји имаат признаено истополови бракови. Хомосексуалноста останува незаконска во 71 земја.

Новите ажурирања на политиката на администрацијата на Трамп беше вметната во меморандумот на ОН.

1
Фото: Getty Images


-Од 1 октомври 2018 година, истополовите партнери кои ги придружуваат или сакаат да ги придружуваат новопристигнатите претставници на ОН, мора да обезбедат доказ дека бракот е валиден за G-4 виза или да бараат промена на таквиот статус - пишува во меморандумот.

G-4 визите се доделуваат на вработените во меѓународните организации и нивните потесни семејства.

Според Стејт департментот, само законската врска може да се смета за брак во јурисдикцијата каде се одржала, ја утврдува подобноста како сопруг за имиграциски цели.

Критичарите го нарекоа потегот неправедно кон хомосексуалните партнери, со оглед на тоа што голем број земји не го признаваат истополовиот брак. Поранешниот американски амбасадор во ОН, Саманта Море, ја осуди политиката, нарекувајќи ја непотребно сурова и фатална.

„ОН-Глоуб“, организација што се залага за ЛГБТ еднаквост во ОН, вели дека новата политика на Трамп е несреќна промена на правилата.

-Паровите што веќе се наоѓаат во САД, може да одат во градското собрание и да стапат во брак, но потенцијално би можеле да бидат изложени на гонење ако се вратат во земја што ја криминализира хомосексуалноста или истополовите бракови - вели организацијата.

По завршувањето на 2018 година, истополовите хомосексуални дипломати и вработени во ОН, кои не се во брак, треба да ја напуштат Америка во рок од 30 дена ако останат неженети/немажени и без промена на статусот на визата.

Единствен исклучок би биле истополовите партнери кои доаѓаат од земји кои не го признаваат истополовиот брак. Тие ќе добијат дипломатска виза ако владата која ги испраќа да работат во нивните амбасади во САД, им додели исти привилегии на истополовите партнери американски службеници испратени во таа земја.

Новата политика е менување на одлуката на тогашната државна секретарка Хилари Клинтон од 2009 година, која дозволи дипломатски визи на истополовите домашни партнери.

-Владата на САД треба да признае дека барањето брак како доказ за добронамерно партнерство е лоша и сурова политика, што ја повторува страшната дискриминација со која ЛГБТ лицата се соочуваат во нивните земји, и треба веднаш да се промени - велат официјалните лица од ОН.

Во моментов има 71 земја што ги криманилизара истополовите односи, според меѓународната лезбејска, геј, бисексуална, транс и интерсексуална асоцијација. Други земји имаат некаква форма на законски ограничувања, а истополовите односи можат да предизвикаат смртна казна во Иран, Саудиска Арабија, Јемен, Судан, Сомалија и Нигерија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот