Ако сакате да се преселите во странство, тогаш дефинитивно треба да размислите колку е лесно или тешко да се пронајде работа во земјата каде што сакате да живеете.
Секако, може да ги прашате пријателите и членовите од семејството што живеат таму, но поефикасно е ако се насочите кон податоците од истражувањето што се со поголема прецизност.
Истражувањето „Експат експлорер“, нарачано од „Ејч-ес-би-ес Експат“ и спроведено од „Југов“, направило анкета меѓу возрасните што моментално живеат далеку од нивната матична земја за можностите за работа во градовите каде што живеат сега.
Вкупно 27.587 иселеници од 159 земји и територии учествувале во онлајн-прашалникот. За да биде вклучен во анализата, еден град морал да има 90 испитаници
иселеници.
Глобалниот просек за луѓето што рекле дека постојат фантастични можности за работа во нивниот град е 25 отсто. Во продолжение е листата со 27 града идеални за иселениците за 2018 година.