X
 02.10.2019 Живот

Турција ги забранува електронските цигари

Турската влада има намера да ги забрани продажбата и увозот на електронски цигари, соопшти министерот за здравство Фахретин Коџа, јави Анадолија. Предлогот ќе биде доставен до парламентот.

Претходно Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) во САД пријави „експлозија“ на белодробни заболувања и респираторни заболувања кај корисниците на е-цигари. Центарот сугерираше луѓето да ја разгледаат можноста да престанат да ги користат електронските цигари. Веројатната причина за болеста е масло со витамин Е.

Сепак, не постои консензус на оваа тема и експертите веруваат дека е рано да се извлечат конечни заклучоци.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот