X
 20.04.2017 Култура

Што после турскиот референдум?

ероган
Фото: Getty Images

Турците изгласаа да му дадат на нивниот претседател поголема власт. Поддржувачите на уставните промени тврдат дека земјата има потреба од претседателски систем (наместо парламентарен) за брзо да одговори на заканите и од дома и од странство. Противниците на уставните амандмани тврдат дека служат само за зајакнување на моќта на Ердоган.

Резултатите остро ја поделија земјата, а преку 51% од Турците гласаа за поддршка на амандманот, со 85% излезност. Трите најголеми градови пак, гласаа против уставните промени.

Но, референдумот е само почеток. Еве што ќе се случи следно:

1. Ердоган започнува со работа

Опозициските партии ветија дека ќе ги оспорат резултатите од референдумот, но не очекуваат нешто да се промени. Ердоган веќе го доби парламентот за да ја прошири вонредната состојба, со што му овозможува вонредни овластувања; потоа, тој ќе одржи специјална конференција на неговата партија со што тој и официјално ќе ја продолжи улогата како претседател. Со тоа, тој ќе одлучи кои членови од неговата партија ќе учествуваат на изборите. Набргу потоа, се очекува реконструкција на владата. Ердоган ќе ги награди оние министри кои цела енергија ја насочиле кон кампањата за референдумот и ќе ги казни оние кои не го направиле тоа. Сето ова, поставува сцена за...

3. Предвремени избори

Добивање на референдумот беше само еден чекор; Ердоган сега мора да победи на следните избори кои се закажани за ноември 2019 година - сепак, Ердоган има три причини за да ги префрли во 2018 или 2017. Прво, турската економија се влошува; невработеноста достигна високо ниво. Генералната невработеност е на 13%, додека невработеноста меѓу младите е 24.5%. Ердога знае дека е подобро да ги добие гласовите порано отколку подоцна.

Второ, колку подолго чека, толку почесто треба да ја продолжува вонредната состојба, под аргументот: „Само јас можам да ја спасам Турција“ од предавници и терористи. И додека Ердоган има цврста контрола над партијата, опозицијата останува неорганизирана.

3. Угнетени опозициски партии

Двете „MHP“ и „HDP“ едвај добија 10% од поддршката потребна за влез во парламентот во изборите во ноември 2015 година - уште од неуспешниот обид за државен удар, Ердоган затвори повеќе од 150 медиуми; слободата на печатот, веќе под закана, падна на 151 место од 180 земји на индексот според „Репортер без граници“. Исто така, Ердоган ги исчити политичките противници од војската, универзитетите и владините министерства. Според Меѓународната мисија за набљудување на референдумот, повеќе од 100.000 политички противници се уапсени под итни уредби, а повеќе од 150.000 државни службеници се отпуштени од нивните работни места. Опозицијата знае дека ако не се мобилизира пред следните избори, Ердоган ќе биде многу потежок.

4. Постудени односи со Европа

Европа не беше воодушевена од исходот на референдумот, особено бидејќи Ердоган ги помина изминатите неколку месеци обликувајќи го референдумот „Нас“ против „Западот“, порака која очигледно привлече голем број Турци. Односите меѓу Турција и Европа станаа уште позатегнати откако Ердоган се обиде да ги привлече турските гласачи кои живеат во Европа со тоа што ги испрати владините министри да водат про-референдумски митинзи низ европските градови; кога владите на Германија и Холандија одбија да ги одобрат митинзите, Ердоган ги нарече нацисти. На крај, 63% од турските гласачи во Германија гласаа за референдумот, и 71% од турските гласачи во Холандија го поддржаа референдумот.

5. Што со Сирија?

Победата на референдумот може да го охрабри Ердоган да игра голема улога во соседна Сирија, особено ако тој се чувствува загрозен и треба да произведе геополитичка криза за да ги мобилизира националистичките гласачи. Тоа би било ризичен потег. Интервенцијата на Турција веќе предизвика геополитички проблеми. Во ноември 2015 година, Турција собори руски борбен авион над сириско-турската граница. Во декември, турски полицаец кој не бил на должност го убил рускиот амбасадор во Турција како знак на протест за вклучувањето на Москва во Сирија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура